На 28.10.2023 г. (сабота), со почеток во 19:00 часот, во НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, гостува Народниот театар од Битола со претставата „Малиџано“.
Влезот е 100 денари.

„Малиџано“ е пиеса работена според текст и документарни материјали на драматургот Билјана Крајчевска.
,,Дрматургијата произлегува од моментот во кој се наоѓа меѓу еден профитабилен и корумпирачки свет во кој секојдневно се донесуваат импулсивни сомнителни одлуки. Човештвото, светот денес се наоѓа во здравствена, економска криза и војна, и во таква ситуација деликатно е да се навезе една таква драматургија која што ќе произлегува од лични приказни на актерите. Само високо свесните и високо интелигентните луѓе можат да се шегуваат на своја сметка, а оваа претстава го прави токму тоа. Во претставата се говори за многу работи, но низ призмата на самоиронизирање, низ хумор кој на моменти станува црн хумор. Кога ќе помислиме дека последниве години живееме во едно многу чудно секојдневие, кое не оптовари до тој степен за луѓето да заборават да се смејат, тогаш слободно може да се кажи дека ова е претстава која потсетува дека ако ти е лошо-ќе ти помине, ако ти е добро-повторно ќе помине, утре е нов ден, се тече се се менува…но работите кои што понекогаш ни се чини дека се многу едноставни, обични и загаратирани, потсетуваат дека ништо не ни е загарантирано, животот е променет.“-стои во описот на претставата.
Со ова гостување струшката публика ќе има можност да проследи претстава изведена од професионални актери, бидејќи Струга не располага со професионален театар.
Гостувањето е овозможено со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Strugaonline
Facebook Коментари