Лев банер Десен банер

Ацо Трца нов член на Извршен одбор, Бошко Вељаноски на Надзорен одбор на ЏФМ

На редовната изборна седница на Џудо федерацијата на Македонија која се одржа на ден 29.10.2023 г во Прилеп се избираше раководството на ЏФМ. Довербата од делегатите за претседател со втор мандат повторно ја доби г-дин Владимир Трпаноски.

,,Oна што е значајно за нас стружани и џудо спортот во Струга, е тоа дека покрај претседател на ЏФМ се избирааи членови на Извршниот одбор и Надзорниот одбор каде што како член на ИО е избран струшкиот адвокат Ацо Трца а пак за член на НО е избран истакнатиот спортски работник и актуелен претседател на ЏК Дрим Струга, Бошко Вељаноски.“-изјави за Strugaonline, Ѓорги Стојанов, делегат на собранието.

И двајцата се избрани со мандат од четири години.

Strugaonline

error: