Во рамки на четвртото коло од пионерската ракометна лига, во натпревар со многу осцилации во играта, пионерите на РШ Струга Динг 2021 како гости беа совладани од екипата на РК Струга со резултат 24:16.
,,Постојано бркавме негатива, но до самиот финиш бевме блиску, и вршевме притисок на домашниот тим, со голема поддршка од нашиот голман Великиќески. На крајот немавме сили да направиме изненадување.“-информираат од Ракометната школа Струга.
Продолжува тешкиот распоред за нивниот состав, веќе во наредното коло на домашен терен ја пречекуваат екипата на Голден Арт, актуелниот вицешампион во пионерска конкуренција.
Strugaonline
Facebook Коментари