Македонија одигра реми против моќната Англија

- Спорт
512

Фудбалската репрезентација на Македонија со  реми (1-1) против моќната селекција на Англија на арената „Тодор Проески“во Скопје го заокружи циклусот од квалификациите за ЕВРО 2024.

Капитенот Енис Барди беше стрелец на водечкиот гол за Македонија од пенал во 41.минута.

Во 59. минута резултатот беше 1:1, откако Јани Атанасов си постигна автогол по гостинскиот корнер.

Со овој меч се заокружи уште еден квалификациски циклус на македонската репрезентација, нашите фудбалери завршија со со осум освоени бода, две победи, два нерешени резултати и четири порази.

Facebook Коментари