Во недела во Струга ќе се одржи манифестацијата ,,Фолклорна смотра 2023“-Западен регион

- Локални
359

Во недела, 10-ти декември, во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи фолклорната манифестација ,,Фолклорна смотра 2023“-Западен регион. Публиката ќе проследи програма со песни и ора во чест на Свети Климент Охридски.Ќе настапат културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Струга, Охрид, Вевчани, Битола, Ресен, Демир Хисар и Кичево.

Почетокот е закажан за 14:00 часот, цена на билет е 100 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари