Билтен на СВР Охрид-Приведен охриѓанец, кај него полицијата пронашла марихуана, во село Орман пронајдена граната

На 10.12.2023 во 23.00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Е.Ш.(43) од Охрид затоа што кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.12.2023 во 14.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на планинска патека во атарот на охридското село Орман е пронајдена граната. Полициски службеници извршија увид и констатирано е дека се работи за артилериска метална граната М-57, која е безбедно подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.
Извор: СВР Охрид

