Лев банер Десен банер

Владата го разреши Мирко Велјаноски од функцијата државен правобранител во подрачје Струга

На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на  седница на Владата на Република Македонија се донесе одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Владата одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител.

error: