Жител на Радолишта заработи кривична пријава, бесправно изградил деловен објект

- Локални
728

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ф.(65) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.  Тој, на катарстарска парцела во близина на селото, покрај магистралниот пат Струга Ќафасан, без одобрение издадено од надлежен Државен орган, неовластено изградил деловен објект што било констатирано од извршен инспекциски надзор.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари