После малиот празничен одмор, студиото за танц ,,БАХ“ од понеделник повторно почнува со работа. Истовремено, тимот на студиото објави вонредни уписи за деца од пет до четринаесет години.
Ова е можност да станете дел од големото БАХ семејство и да ја почувствувате магијата на сцента.
Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават на телефон 078 447 530, најдоцна до 20-ти јануари.
Ова е значајна година за Балетското студио БАХ, затоа што со несекојдневен концерт за кој што интензивно се подготвуваат, ќе прослават триесет години постоење, а во рамки на овој значаен јубилеј ќе има и други активности за кои ќе ве известуваме благовремено.
,,После големите успеси минатото полугодие , следуваат подготовки за два нови проекти. Едниот од нив јубилеен концерт за 30 години постоење на студиото. Не’ чека многу работа и напорни проби за стружани оваа пролет и лето да уживаат во танц и преубави настани.“-изјави Тања, кореограф и идеен творец на Балетското студио БАХ.
Таа додаде дека интензивно се работи на нови кореографии и костими и се развиваат идеји кои ќе ја доживеат својата реализација во рамки на двата проекти.
Strugaonline
Facebook Коментари