Струга е подготвена за Водици, надлежните одржаа работен состанок

- Локални
2348
Во просториите на Општина Струга се одржа работен состанок за организирање на Водици 2024.
,,Во името на Црквата ви благодариме за организацијата на овој верски празник за сите овие претходни години. Им упатуваме пофални зборови на сите страни вклучени во организирањето на Водици 2024. Навистина ова работа бара голем напор, но секогаш било организирано перфектно и беспрекорно“ истакна отец Васко од црквата Св.Ѓорѓија во Струга.
,, Полициската станица во Струга ги презема сите потребни мерки од безбедносен аспект, е во комуникација со претставниците на црквата и сметаме дека овој празник ќе се организира како што доликува на Струга, затоа што се доживува од сите стружани и претставува атракција за целиот град. Полициската станица ќе го организира и сообраќајот, почнувајќи од кружниот тек кај Полиција до старата општина“ нагласи Дритан Ајро, Командирот на Полициската станица во Струга.
“Црвен Крст Струга и оваа година ќе биде поддршка на овој настан, каде ќе бидат присутни нашите спасители и волонтери, со сета потребна опрема за спасување и воедно посакуваме да помине целиот настан во најдобар можен ред“ истакна Адуриме Даути, Секретар на ОО Црвен Крст Струга.
ЈП Комунално Струга ќе изврши уредување и чистење на кејовите, ќе присуствуваат и комунлани редари, додека ТППЕ Струга со помош на Црвен Крст со волонтери и спаистели на вода ќе се погрижат за безбедноста на капачите, а од Здравствен дом ќе бидат присутни и медицински лица за здравствениот аспект.
Манифестацијата ќе започне во 11:00 часот. Кум оваа година е Бошко Пуроски.
Strugaonline

Facebook Коментари