Во сабота во Струга ќе се одржи обука за законот за младинско учество и младински политики

- Локални
465
Во сабота со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружението ,,Аква“, во Струга ќе се одржи еднодневна обука за законот за младинско учество и младински политики.
-Проектот има за цел унапредување на капацитетите за имплементација на законот за младинско учество и младински политики во струшкиот регион и поттикнување на младинското учество преку мониторирање и поддршка на младински иницијативи-информираат организаторите.
Обуката е во рамките на проектот „Младите учествуваат, младите подобруваат!“, финансиран од страна на Европската Комисија преку проектот „Заедници инклузивни за млади“ кој го имплементира Национален младински совет на Македонија , а го спроведува ЗРА „Аква“.
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават на следниов ЛИНК

Facebook Коментари