Билтен на МВР- Охриѓанец затекнат при кражба, кривична за охриѓанец кај кого е најдена марихуана…..

- Локални
583

На 13-ти февруари 2024 годниа, во 20:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 66-годишно лице од Охрид.

– Тој бил затекнат при извршување кражба од објект во изградба на улица „Кленоец“ во Охрид, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

– При претрес, извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и предмети со остатоци од кокаин, информираат од МВР. 

На 13-ти февруари 2024 годниа, во 20:10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 43-годишно лице од Охрид.

– Тој претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари