Во кабинетот на градоначалникот г-дин Рамис Мерко, пријателска посета оствари амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, неговата екселенција, г-дин Жанг Зуо, со неговите најблиски соработници.

-Градоначалникот Мерко во својот говор направи една ретроспектива со општи податоци за општината, за функционирањето на администрацијата, за општествените и политичките аспекти што постојат во заедниците овде во Струга, а особено за меѓуетничката и меѓуверската хармонија и толеранција што го прави нашиот град неизмерен пример. Секако, градоначалникот Мерко презентираше и некои од најголемите достигнувања во нашата општина во повеќе различни сфери, но и предизвиците или проблемите со кои се соочува нашата општина, со посебен акцент на односите со УНЕСКО и со Комисијата на оваа организација во нашата земја, како една од главните бариери на полето на одржливиот развој.-информираат од Општината.

Амбасадорот Зуо, како и предговорникот, ја образложиле својата работа во општи рамки, особено во пристапот на економската соработка во повеќе сфери, за проектите што се реализираат и за помошта што би била понудена во случаи на партнерски врски меѓу нашите субјекти или компании.

-Градоначалникот и амбасадорот се согласија да апелираат до нашите влади што поскоро да го укинат визниот систем и со тоа да овозможат слободно движење за нашите граѓани кои сакаат да патуваат во Народна Република Кина, за туризам или за деловни патувања. Договорено е во наредните месеци да се одржат и други средби со цел одржување на различни културни манифестации-стои во општинското соопштение.
Strugaonline
Facebook Коментари