Лев банер Десен банер

По повод 8 март понежниот пол – учеснички во сообраќајот добија цвеќе совети за безбедно управување моторни возила

По повод Меѓународниот празник на жената 8. март, денеска припадници на Интернационалната полициска асоцијација ИПА Охрид, од отсекот за превенција и полициската станица за безбедност во сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со РСБСП, на припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија цвеќе, торбица со логото „Вози одговорно” и едуативни флаери со совети за безбедно управување моторни возила.

Со ова, на сите припаднички на понежниот пол, им го честитаме 8 март, искажуваме почит кон жените учеснички во сообраќајот и е во знак на наше приклучување во одбележувањето на овој меѓународен празник. Ги потсетуваме жените возачи да внимаваат при управувањето со моторните возила и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

error: