Мини концерт на групата ,,Пијан Славеј“ во четврток во Europe House-Струга

- Локални
432

Музика и поезија ќе одекнат во четврток во ,,Europa House“ во Струга, означувајќи го почетокот на постоењето на ново место за новата генерација, која, се чини сепак ќе се обиде да ги негува старите добри вредности.

Освен што пулсот на поезијата ќе го пренесат млади и талентирани поети од Струга, Охрид, Кичево, Скопје, Куманово, концерт ќе одржи Групата ,,Пијан славеј“ кои создаваат еден автентичен музичко-поетски формат.

-Со овој настан го одбележуваме денот на поезијата, моќта на зборовите на нашите млади талентирани поети одлучивме да  ја надополниме со магичните звуци на Пијан Славеј, автентични по поетичноста и лириката во својата музика.-велат за Strugaonline од тимот на Europe- House Струга.

Пијан славеј  е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата ,,Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски. кои на оригинален начин формираат нова македонска шансона и  го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Групата е формирана кон крајот на 2021 г. Првиот настап го имаат на скопскиот “OFFest”, а наредната година, “Скопскиот џез фестивал” го издава нивното прво и истоимено ЕП. Понатаму настапуваат на “D-festival” и на фестивалот “Druga Godba” во Љубљана, Словенија.

Facebook Коментари