По повод Светскиот ден на театарот, во среда, 27-ми март на репертоарот на Народен театар Охрид ќе биде претставата Несфатена цивилизација од Добри Војников.

-Станува збор за претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот, претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија и прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.-стои во описот на содржината.
Билетите по цена од 250 денари можете да ги набавите на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Без резерваци
Strugaonline
Facebook Коментари