Објавен повик за уметници во рамки на проектот ,,Уметникот во заедницата -резиденција и развоен хаб, Вишни”
Во рамки на проектот ,,Уметникот во заедницата _ резиденција и развоен хаб, Вишни” Иницијативата за индивидуален културен активизам ИНКА од Струга објави повик за уметници во резиденција.

-Ако сте уметник од регионот на Западен Балкан, посветен на партиципативни уметнички пракси во заедницата, можеби овој повик е токму за вас. Повеќе информации и можност за аплицирање има на следниов ЛИНК.-стои во соопштението.
Додаваат дека во рамки на овој повик резиденти ќе бидат девет уметници поделени во три циклуси.
Strugaonline

