На 08.04.2024 во 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(54) од Охрид.
-При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела материја, шише со течност и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.-соопштуваат од СВР Охрид
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари