Претставата ,,Секс, лаги и љубомора“ вечерва пред охридската публика

- Локални
358
На барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот на Центарот за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид, на  11-ти април (четврток)  со почеток во 20.00 часот во малата сала.
-Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.-стои во описот на содржината.
Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска Јандреовска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.
Од охридскиот Центар за култура информираат дека билетите по цена од 250 денари се пуштени од понеделникот, резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип прв дојден-прв услужен (една личност може да купи најмногу 6 карти).
Strugaonline

Facebook Коментари