На 26-ти април започнува новото издание на ,,Стартап викенд“ во Охрид

- Локални
229

После две години, Стартап Викенд Охрид се враќа на сцената, a oваа година, второто издание ќе се одржи од 26ти до 28ми април во просториите на универзитетот Св. Апостол Павле.

Настанот е наменет за сите млади ентузијаси кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.

Покрај ентузијастите со идеја, настанот е отворен и за сите оние без конкретна идеја и тим. Тие би формирале свои тимови меѓу себе и би учествувале на настанот исто како и останатите однапред пријавени тимови. ,,Единствено ограничување на овој настан се слободните места, затоа побрзајте да ги резервирате вашите тикети за учество на следниов линк.“-информираат организаторите.

Тимот кој стои позади Стартап Македонија, поддржан од тимот на Стартап Викенд Охрид, Универзитетот ,,Св. Апостол Павле” и Стартап заедницата од Охрид, надополнето со голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти ќе го организираат второто издание на стартап викенд во Охрид.

Организаторите ќе обезбедат храна, освежителни пијалоци и забавни активности во текот на целиот настан.

Целта на овој настан е да се даде можност за вмрежување на новата генерација на професионалци, претприемачи, иноватори и стартап ентузијасти како и шанса за развој и лансирање на својот стратап во Македонија и странство.

Дел од менторите на овој хакатон се претставници на стартап сцената во нашиот екосистем: CognismAqtosFitKitFinqUpBoksyMicroticaModeliksEmbed SocialSliceVidict и други.

Покрај претставниците на стартап сцената, учество ќе земат и претставници од: Eurolink, Piksel, Brainster, Qinshift, RedBull, Sefidanis, Impact foundation, JW Player, NEST Group, Google for startups и други.

Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на едно место да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд.

Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја и проект на кој ќе работат.

Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со подршка на над 20 ментори (стартап основачи и домашни и странски експерти) и ќе го претстават својот концепт пред жири од истакнати ИТ професионалци, бизнисмени и инвеститори.

За повеќе информации и новости, следете ги FacebookInstagram и веб-страницата или контактирајте ги директно на [email protected] или +389 75 408 228.

 

Facebook Коментари