Лев банер Десен банер

Здружението Рупикапра МТБ Струга потпиша договор за соработка со Амбасадата на СР Германија

Здружението Рупикапра МТБ потпиша договор за соработка со Амбасадата на СР Германија со кој добиваат значајна донација за нивниот најнов проект „Патеки на откривање“ кој ќе го имплементираат во општина Дебрца.

Со овој проект ќе се овозможи маркација и унапредување на велосипедските патеки на планините Караорман, Стогово и Илинска планина. Целта на проектот е развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување на заштитата на животната средина.

– Изразуваме благодарност до Амбасадата на Сојузна Република Германија и Н.Е. Петра Дрекслер за довербата и поддршката со која се овозможува значителен придонес во одржлив развој на нашата заедница. – истакна Душан Шутиноски, претседател на здружението за планинарски велосипедизам „Рупикапра МТБ Струга“.

StrugaOnline

error: