Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

6 Попова Шапка, 8 Крушево, Лазарополе, Маврови Анови, 10 Крива Паланка, 11 Претор, Берово, 12 Охрид, Прилеп, Виница, 13 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Битола, Тетово, Дебар, Штип, Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Куманово, Велес, 14 Гевгелија, Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)

23 Дебар, 21 Охрид, 16 Крушево, 15 Маврови Анови, 13 Лазарополе, 9 Пожаране, 8 Претор, 7 Куманово, 6 Кавадарци, Тетово, 5 Скопје-Петровец, Велес, Попова Шапка, 3 Битола, Демир Капија, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, во останатите места  <1л/м2.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта имаше нестабилност претежно во западниот и југозападниот дел од земјата. Утрово преовладува променливо облачно време со зголемена облачност во крајните западни и источни делови. Утринава врнежи од дожд имаше во Крива Паланка, Штип и во делови од Пелагонија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: