Сениорите и јуниорите на Студио за танц Бах со кореографијата Until we meet again го отворија 20-то јубилејно издание на Танц-фест

Сениорите и јуниорите на Студио за танц Бах со кореографијата Until we meet again го отворија 20-то јубилејно издание на Танц-фест.

Во прекрасниот амбиент на МНТ, баховки беа поздравени со громогласен аплауз, а сцената ја делеа со професионални танчери и искусни балерини.

„Имавме голема чест да ја отвориме гала вечерта на овој реномиран фестивал. Благодарни сме на организаторите и професорката Рисима Рисимкин што ни ја дадоа довербата да го означиме стартот на гала вечерта. Атмосферата беше прекрасна, а публиката ни потврди дека бевме на висина на задачата. Беше прекрасно искуство.“- велат од Студиото за танц Бах.

Кореографијата со која го отворија Танц фест претходно беше наградена на интернационалниот натпревар Stage.
StrugaOnline

