Фудбалерите на Струга Трим Љум победија во дербито со екипата на Шкендија и на коло пред крајот се старо-нов првак на ПМФЛ. Стружани на гостински терен во Тетово славеа 0-2 (0-1), а стрелци на головите беа Ибраими и Радески.
За уште во оваа рунда Струга да го одбрани пехарот, допринесе и ремито на Шкупи со Брера Струмица (0-0). Со овие резултати стружани во пресрет на последното коло имаат три бода повеќе од Шкендија и подобар меѓусебен скор, додека Шкупи заостанува пет бода.
Strugaonline
Facebook Коментари