79 општини меѓу кои и Општина Струга ќе учествуваат на ,,Генералка викенд“ што оваа година ќе се одржи од 17-ти до 19-ти мај.

Еколошката акција во Струга е закажана за 17-мај со почеток во 9:00 часот пред новата зграда на општината.
-Ги повикуваме сите граѓани на Општина Струга, според своите можност, да се приклучат на Генералка Викендот и заедно да го исчистиме градот. Најголем акцент ќе се стави на крајбрежјето на Охридското Езеро и кејовите на реката Црн Дрим. Ќе ви бидеме многу благодарни доколку учествувате на овој настан.-велат од Општина Струга.
,,Генералка викенд“ се реализира под покровителство на Man and Mountain заедно со партнерите Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе Банка, Костал, БиМилк, ЕВН, Бучим, Макстил и Црвен Крст поддржани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и од Општина Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари