Лев банер Десен банер

Верица Маркоска: Преку PRP третманот за подмладување добив бројни задоволни клиенти

Специјалистичката ординација по ортодонција ,,Ortho Smile“ во Струга, во  рамки на своите услуги нуди PRP плазма третман за подмладување.

Плазмолифтингот е најприродна метода, која ја ревитализира и ја обновува кожата на природен начин, односно се поттикнува регенерацијата и подобрувањето на ткивото на лицето, се намалуваат брчките и се подобрува тонусот на кожата на лицето и на останатите делови на телото.

,,Оваа метода ја применувам од 2018 година . Плазмолифтингот е најприродна метода, која ја ревитализира и ја обновува кожата на природен начин . Применувајќи ја оваа природна метода, кај клиентите забележувам значително намалување на површинските брчки .Кожата е поелаатична и текстурата е подобра. При процесот, се зема крв од пациентот, се става во посебни епрувети и се центрифугира. Како резултат на тоа се добива плазма која е богата со матични клетки и фактори на раст. Плазмата се инјектира во кожата на пациентот .“-објаснува Верица Маркоска, специјалист ортодонт во ,,Ортосмајл“.

Таа додава дека во Струга има заинтересираност за оваа метода, а клиентите се задоволни од постигнатото. За оваа метода во ординацијата на Маркоска доаѓаат и клиенти од Скопје, Охрид и Битола.  Најмладата клиентка која го направила PRP плазма третманот има 32 години, а највозрасната 65.

Сите заинтересирани за PRP плазма третманот за подмладување можат да се обратат на телефонскиот број 078 300 196 или директно во Ортосмајл на улица ,,Кеј 8-ми ноември“ број 7.

Strugaonline

error: