Во четврток во Вевчани ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција

- Локални
306

На16.05.2024 година (четврток) во Вевчани ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција која има за цел уништивање на ларвите на комарците заради спречување на ширењето заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

-Третманот против ларвицидна форма на комарци ќе се изврши терестички со употреба на гранули на локации од вкупна површина од 6050 м2.. Со прва пролетна дератизација ќе се поминат сите предвидени локации кои можат да бидат извор на зараза со предвидени 30 шахти за третирање-информира градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Третирањето на повшините ќе биде изведено од 10:00 до 16:00 часот само под добри временски услови поради ефикасно извршување на третманот.

Тој додава дека доколку временските услови не дозволуваат да се спроведат третманите на дезинсекција и дератизација,тогаш истите ќе бидат одложени за наредниот или евентуално за некој друг ден со поволни временски услови.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари