Интерарт културниот центар во соработка со Хера – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во склоп на турнејата на проектот „Простор за разговор“, во соработка со Младинскиот центар Охрид, ќе оддржи настан во кој ќе се изведе танцов перформанс и ќе се зборува на темата, а ќе се прикаже и филмот „Простор за разговор“.
Настанот ќе се одржи на 3-ти јуни со почеток во 20:00 часот во Младинскиот културен центар во Охрид.

,,Танцовиот перформанс и филмот се создадени како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата на родова еднаквост, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем.“-информираат организаторите.
Кореограф и режисер на танцовиот перформанс е Рисима Рисимкин, а музиката е дело на Тони Китановски. Филмот е во режија на Диме Ратајковски и Рисима Рисимкин.
На темата ќе говорат Јован Цветковски – Раководител на Младинскиот Центар Охрид, Ана Зафирова – новинар и активист и Рисима Рисимкин, уметник и професор.
Турнејата на проектот се случува во партнерство со локални партнери од шесте градови во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство. Продуцент е Матеа Мијановиќ.
Strugaonline
Facebook Коментари