Тринаесетгодишната каратистка Реа Положани од Струга освои трета награда на државниот натпревар во карате за деца што се одржа во Скопје, и на тој начин си обезбеди учество на 28-то издание на Балканскиот карате натпревар за деца, што од 31-мај до 2-ри јуни ќе се одржи во Истанбул, Турција.
,,Третото место на натпреварот во Скопје го освоив лесно. Со нетрпение го очекувам настапот во Турција. Каратето е спорт со кој се занимавам веќе четири години. Уште од најмала возраст сакав да тргнам по стапките на мајка ми која се занимава со карате и можам да кажам дека каратето е моја голема љубов“-вели Реа за Strugaonline.
Таа додаде дека на натпреварот во Турција ќе има силна конкуренција од сите Балкански земји, но,како што вели, ќе даде се од себе во Струга да се врати со освоен медал.
Реа Положани досега има постигнато низа успешни резултати, како што се трето место на карате натпреварување во Хрватска и неколку први, втори и трети места на натпреварувања во Македонија.
Strugaonline
Facebook Коментари