Општина Струга се приклучи во едукативниот проект ,,Крени глас против врсничкото насилството“

- Локални
281

На барање на основните училишта во Струга, Општина Струга се приклучи во едукативниот проект ,,Крени глас против врсничкото насилството“ што компанијата Макпетрол АД го спорведува во 30 општини во Македонија.

Околу 200 ученици од 11 основни училишта во Струга учествуваа на работилницата што се одржа во Советот на Општина Струга, а предавачи беа Марија Стефанова психолог- психотерапевт, Деспина Стојаноска психолог-психотерапевт и Ана Момироска-дефектолог.

Во рамки на оваа работилница, се одржаа четири сесии во кои во вид на игра преку разговор и слики учениците требаше да го препознаат предизвикот на нивниот соученик.

,,Во еден од конкретните примери, учениците гледаа слика на дете со очила и истото го опишуваа. Дел од описите содржеа епитети како ,,паметен“, ,,интелектуален“, но имаше и описи што содржеа навреди, факт што укажава дека оваа кампања во Струга е навистина потребна“-изјави за Strugaonline Билјана Спасеска, Советник за односи со јавност во Општина Струга.

Таа додаде дека целта на проектот е учениците да научат го гледаат доброто во другиот и на тој начин да се искорени врсничкото насилство, кое доколку постои, може да остави трајни психолошки последици.

,,Учениците добија задача секој ден почнувајќи од денеска да истакнуваат по три позитивни карактеристики за своите другари, што не се поврзани со физичкиот изглед или материјалните работи што се поседуваат, туку со карактерот“-потенцира Спасеска.

Едукативен материјал за борба против врсничкото насилство добија и учениците и нивните родители, а задолжение за организирање на вакви работилници добија психолозите и педагозите во сите основни училишта во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари