Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, денеска свечено ќе ја отвори Europe House-Струга.
Како што соопштија од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, активностите поврзани со официјалното отворање ќе продолжат попладне со откривање на муралот „Симбиоза“ финансиран од ЕУ, во Музејот на природата „Д-р Никола Незлобински“. Младите од Струга потоа ќе имаат можност за дружба со нивните врсници преку настан за вмрежување на отворено.
-Јуроп Хаус Струга го одржа својот прв настан на 21 март 2024 година, на Светскиот ден на поезијата. Во оваа пригода, во соработка со Струшките вечери на поезијата беше возобновена наградата „Млада Струга“. Во текот на изминатите неколку месеци Јуроп Хаус Струга успеа да ги собере младите и да им помогне да разменат идеи, се наведува во соопштението.
Од тимот на Јуроп Хаус-Струга информираа дека ноќната забава по повод отварањето ќе започне во 21:00 часот, со DJ сетови на Херцел и Горазд Колоски.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари