Еколошка акција ,,Гласот на крајбрежјето“ утре во Струга

- Локални
290
Со еколошката акција ,,Гласот на крајбрежјето“, Europe House-Струга утре ќе го одбележи Светскиот ден на заштитата на животната средина.
 Еко- акцијата  е дел од greendeal, а целта е да се исчистат плажите и самото езеро.
Како што најавуваат организторите, во оваа акција ќе соработуваат уметници, волонтери и нуркачи.
-Собраниот отпад ќе го рециклираме и со помош на уметниците и волонтерите ќе се обидеме да создадеме сценографија за театарска претстава за деца и млади, насловена „Океанија“.-соопштија од Јуроп Хаус.
Додаваар дека сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во чистењето, можат да се пријават во порака на Facebook страницата на Europe House.
Аквтивноста започнува во 10:00 часот, зборно место е Europe House Struga, а потоа учесниците ќе чистат на четири локации покрај езерото.
Strugaonline

Facebook Коментари