РК Струга врши упис на нови членови

- Локални, Спорт
290

РК Струга врши упис на нови членови за генирација 2010 и помлади. Од клубот информираат дека тренинзите се одвиваат секој понеделник, среда и петок на ракометното игралиште ,,Горан Попоски-Бабец“ во терминот од 15:00 часот.

-Со овој повик за нови членови нашата цел е да ја продолжиме струшката традиција на развивање ракометни таленти и создавање на репрезентативци како што се Мојсоски, Јоноски и многу други. Ќе тренираме интензивно цело лето и тоа е можност младите квалитетно да го исполнат своето време. Верувам дека ќе создадеме успешна екипа на која стружани ќе бидат горди- изјави за Strugaonline тренерот Жарко Ферукоски.

Тој додаде дека секој нов член ќе добие подарок маичка .

Strugaonline

Facebook Коментари