Преосветена црквата Свети Јован Владимир во Подгорци

- Локални
1032

По повод големиот празник Свети великомаченик кнез Јован Владимир, денеска се случи преосветувањето на единствената црква во земјава посветена на светецот, што се наоѓа во струшкото село Подгорци.

Со светиот чин на преосветување на црквата чиноначалствуваше Владиката Тимотеј, а над 1000 верниците во текот на целиот  ден се поклонуваат пред иконата на светецот кој има посебно значење за село Подгорци.

-Ова е многу важен ден за нас. По иницијатива на мештаните, градењето на овој храм започнало во далечната 1924 година, а завршило наредната 1925 година кога е и осветен. Истата година е направен и иконостасот. Сегашната конструкција на црквата е започната во 2021 година благодарение на донацијата на Владо Пупиноски. Култот за Свети великомаченик кнез Јован Владимир има огромно значење за нашето село-изјави за Strugaonline свештеникот Димитрија Павлески.

Храмот е целосно фрескоживописан од зографот Тони Милцов, а реставрацијата на иконостасот ја изврши  Перо Шутиноски. Поставен е и нов мермерен под и нов престол.

На денешното преосветување за присутните верници беше организиран свечен ручек и богата културно-уметничка програма.

Strugaonline

Facebook Коментари