Главниот фокус на џудо сцената викендов е насочен кон Меѓународниот џудо турнир ,,Struga Open 2024“ што утре ќе се одржи во спортската сала ,,Билјанини извори“ во Охрид.
Новина на овогодинешното деветто издание, кое традиционално се одржува во организација на Џудо клубот ,,Дрим“-Струга, е интерконтиненталниот карактер, бидејќи како што информираат организаторите, ќе има учесници и од Африка и Азија.
-На настанот ќе учествуваат околу 600 џудисти од цела Европа, а пријавени се и џудо клубови од Азија и Африка. Се’ е подготвено за и оваа година да приредиме еден вистински празник за сите љубители на џудо спортот кои борбите ќе можат да ги следат бесплатно во СЦ Билјанини извори-изјави за Strugaonline Ѓорги Стојанов, еден од организаторите на турнирот.
Доколку не сте во можност да присуствувате на натпреварот, борбите можете да ги следат во живо преку youtube каналот на Џудо федерацијата на Македонија.
Почетокот е закажан за 10и30 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари