
Програмата започнува во среда, на 12-ти јуни 2024 година во предворјето на црквата „Св. Софија“, каде со почеток во 21:00 часот, Театарската група при Црвен крст Охрид ќе ја изведе претставата „Утре“ по сценарио и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц. Во четврток, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Театарската група на Црвен крст од Бар ќе ја изведе претставата „Потрага по изгубеното богатство“, во авторство и режија на проф. Мирјана Савичевиќ и Ивана Кецојевиќ. Во 21:00 часот младите актери од Црвен крст Крагујевац ќе ја изведат претставата „Њима о њима“ во режија на Лазар Јовичиќ. Театарската група при Црвен крст од Суботица, во петок, на 15-ти јуни 2024 година, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21:00 часот ќе ја изведе претсатвата „Ланчана реакција“ од Снежана Маравиќ.
Влезот за сите претстави е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари