Дорина Османи, Симона Чавкоска и Селчук Ахмед се првенци на генерација во Гимназија ,,Др. Ибрахим Темо”- Струга

- Локални
2027
Капи во возухот симболично го означија крајот на средното образование на уште една генерација ученици во СОУ Гимназија “Др. Ибрахим Темо” Струга.
Завршната свеченост по повод матурирањето на генерацијата 2023/24 се одржа синоќа на спортскиот терен на СОУ Гимназија ,,Др. Ибрахим Темо” Струга во присуство на родители, ученици, наставници од училиштето и бројни гости.
На свеченоста пофалници им беа доделени на учениците со постигнат успех на државни и меѓународни натпревари и на првенци на Генерацијата 2023/2024.
За првенци на генерација прогласени беа Дорина Османи, Симона Чавкоска и Селчук Ахмед.
Во нивното обраќање пред соучениците и присутните тие изразија благодарност до училиштето за пружената можност да се здобијат со знаење и искуство кое понатаму ќе ги води во животот во нови успеси.
Strugaonline

Facebook Коментари