Еурофарм Пелистер и ГРК Тиквеш ќе учествуваат на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2024“

- Локални, Спорт
350

Aктуелниот првак на Македонија, Еурофарм Пелистер и екипата на Тиквеш од Кавадарци го потврдија учеството на 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2024“, информираат од дирекцијата на турнирот.

Tимот од Битола дури тринаесет пати го има освоено струшкиот турнир и e еден од најредовните учесници. Последен пат триумфираше во 2022 година кога го победи тимот на Целје.

-Петтопласираниот тим во првенството на Македонија во сезоната што заврши, екипата на ГРК Тиквеш која се покажа како клучен фактор при решавањето на шампионот, сега ќе настапи и во Струга. Со нов тренер, засилен и со костурот кој и лани беше респектабилен тим во Македонија. Ги очекуваме со нетрпение на отвореното игралиште во Струга- стои во соопштението од Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга“.

Се очекува наскоро да бидат објавени имињата и на другите екипи кои на игралиштето ,,Горан Попоски-Бабец“ ќе се борат за титулата-победник.

На овогодинешното издание ќе настапат шест екипи, а турнирот се игра во нов термин, од 14-ти до 17ти август.

Strugaonline

Facebook Коментари