Над 60 ученици од Основното музичко училиште од Струга ќе настапат на годишните концерти што на 13-ти и 14-ти јуни ќе се одржaт во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“.
Публиката ќе има можност да проследи настапи на пијано, виолина, кларинет, флејта, хармоника и гитара. Како што информираат од училиштето, ќе има богата програма преку која учениците ќе имаат можност да покажат што научиле во текот на цела учебна година.
-Учениците ќе изведат дела од познатите композитори Бах, Бетовен, Моцарт, Вивалди, Хајден, Шуберт, Черни,Чајковски и други. Горди сме што со завршниот концерт поделен во два дена, заокружуваме успешна година во која струшките ученици постигнаа значајни успеси на државни и меѓународни натпревари-изјави за Strugaonline директорот Алтин Зиба.
Влезот за концертите е слободен, и двата се одржуваат во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во терминот од 19:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари