Во тек е крводарителска акција во струшка Нефрологија

- Локални
222

Во организација на Црвен крст-Струга денеска во Специјализираната болница за нефрологија- Струга се реализира крводарителска акција.

,,Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување крв. Вашата крв спасува животи. Крвта е незаменлив лек, секојдневно е потребна за продолжување многу животи. Да даруваме крв денеска, затоа што утре можеби нас ќе ни треба“-апелираат од струшкиот Црвен крст.

Крводарителската акција трае до 14:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари