Детската група при КУД ,,Илинден“ Струга деновиве го има своето прво меѓународно претставување. Тие ќе настапи на интернационалниот фолклорен фестивал ,,Будва танцува“ што од денеска до 19-ти јуни се одржува во Будва, Црна Гора.
-Ова е многу важен настап за детската група, затоа што за прв пат се претставуваат пред странска публика. Ова е само почеток во процесот на нивното меѓународно претставување. Во оваа група членуваат деца од 10 до 14 години и сметам дека се сосема подготвени за настапот на овој фестивал-изјави за Strugaonline Љупчо Милошески, кореограф во КУД Илинден.
Тој додаде дека станува збор за фестивал од ревијален карактер на кој освен струшкото друштво, ќе настапат и културно уметнички друштва од Србија, Бразил и домаќините Црна гора.
Освен настапот на фестивалот, за децата е планирана и рекреативна програма за запознавање на знаменитостите во Будва
-Покрај официјалната програма на фестивалот и уживање на Јадранот, предвидени ни се прошетки во стариот град Будва и манастирот св. Стефан. -додаде Милошески.
Патувањето е финансиски поддржано од општина Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари