Кадетите на РК Струга ќе учествуваат на третиот Меморијален турнир ,,Марко Божиновски 9“

- Локални, Спорт
295

Кадетите на РК Струга ќе учествуваат на третиот Меморијален ракометен турнир ,,Марко Божиновски 9“ што од денеска до недела се одржува во спортскиот центар ,,Марко Божиновски“ Скопје.

Годинава настапуваат осум екипи поделени во две групи. Кадетите на РК Струга се во групата Б  заедно со Алкалоид Скопје, Морнар и Бутел.

Струшките ракометари првиот натпревар го играат вечерва во 21:00 часот со екипата на Алкалоид, со екипата на Бутел ќе се сретнат утре во терминот од 18:00 часот, а во недела во 9и30 часот играат против екипата на Морнар.

Турнирот се одржува во чест на Марко Божиновски, ракометар кој во 2021 година во 20-та година од животот ненадејно почина во сон како последица од срцев застој.

За да го сочуваат ликот и делото на својот син, родителите на Марко ја отворија Фондацијата „Марко Божиновски“, а оваа година започнуваат со нов проект – опремување на спортски клубови ширум Македонија со мерачи на срцевиот ритам.

-Наша мисија е да обезбедиме што е можно повеќе мерачи за што е можно повеќе спортски клубови во Македонија и на тој начин да се осигураме дека нашите млади спортисти се дополнително заштитени од кардиолошки проблеми-информираат од фондацијата.

Сите кои сакаат да донираат за реализација на овој проект можат да донираат на следниве телефонски броеви:

А1: 143-800
Телеком: 143-403
Целта на фондацијата е да им се помогне на многу млади луѓе да успеат во спортот. Пред сé на тие кои се таленти, а немаат можности да инвестираат во развој на својата кариера. Мисија на Фондацијата е преку спортот на децата, младинците како и лицата со посебни потреби да им се овозможи поквалитетен живот и поздрава иднина. Проектите се фокусирани на организација на спортски активности и настани за деца, млади и лица со попреченост во развојот, а акцентот се става на развој на спортскиот дух, спортски начин на живот и здрава исхрана и социјализација.

Strugaonline

Facebook Коментари