Годишен концерт на музичкото студио ,,Соната“ вечерва во Струга

- Локални
494

Музичкото студио ,,Соната“ вечерва ќе го одржи својот 24-ти годишен концерт. Во фоајето при Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга, сите членови на ова студио, кои свират на пијано, виолина, гитара и хармоника ќе настапат со композиции од светски познати композитори и на тој начин ќе заокружат уште една успешна година.

Почетокот е закажан за 20:00 часот, цена на билет е 50 денари.

Музичкото студио ,,Соната“ е формирано во 2000 година од страна на професорите Лилјана и Петар Булоски. Благодарение на нивната остварена визија, во ова студио веќе 24 години музички се едуцираат генерации од Струга и околината.

Strugaonline

 

Facebook Коментари