Лев банер Десен банер

На 22-ри јуни во Струга ќе се одржи настанот ,,Гласот на крајбрежјето“

 Со ревијален кајакарски маратон по Охридското езеро на кој ќе учествуваат млади кајакари, во соработка со Спортски клуб Соларис Струга, на 22-ри јуни ќе започне настанот ,,Гласот на крајбрежјето“ во организација на Јуроп Хаус Струга.
Како што информираат организаторите, стартот е закажан за 10:00 часот на Женска плажа.
,,Вечерта е резервирана за опуштена забава во Паркот на поезијата. За музичката програма ќе се погрижи Диџеј Мирче – Хаусмајстори, а визуелниот дел ќе го надополниме со несекојдневен видео перформанс на  ендемични цветови и птици низ Паркот на поезијата.“-стои во соопштението.
Од Јуроп Хаус информираат дека со овој настан ќе го одбележат Денот на Охридското езеро и биолошката разновидност.
Strugaonline

error: