Прскање против комарци утревечер во Струга

- Локални
346
Општина Струга ги информира граѓаните дека на подрачјето на општината, на 25.06.2024 год. (вторник) ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.
Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 20:00 ч., до рано наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување.
– Се молат пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден-стои во соопштението од Општина Струга.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.
Strugaonline

Facebook Коментари