Здружението за култура и уметност „АртВивенди“ во рамки на проектот „Препознавање на заедничките особености на нематеријалното културно наследство на Балканот“ организира работилници за народни инструменти што ќе се одржат денеска и утре во 18:00 часот, информираат од Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“-Струга.

Според највата, првиот циклус од проектот ќе биде претставување на гајдата и тапанот, како основа за создавањето на народната песна. На работилницата се предвидени предавачи од Македонија, Бугарија и Албанија, кои, освен запознавање со инструментите, ќе направат и краток преглед на различните начини на свирење на овие инструменти во нивните краишта.
-Работилниците ќе се одржат во Театар Пошка, Струга и во Центарот за кулура „Браќа Миладиновци“ во Струга. На 26.6. (среда) по завршување на работилницата, на големата сцена на Центарот, гајдаџиите и тапанџиите ќе имаат заеднички настап со почеток во 20:00 часот.-стои во соопштението од струшкиот Центар за култура.
Проектот „Препознавање на заедничките особенсоти на нематеријалното културно наследство на Балканот“ ќе продолжи со настапи на повеќе играорни и инструментални групи на 5-ти и 6-ти јули на кој ќе настапат играорни друштва од Македонија, Бугарија, Албанија и Грција.
Проектот е поддржан од Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари