Лев банер Десен банер

Mурал посветен на Григор Прличев го краси западниот дел на Охридската библиотека

Со мурал посветен на Григор Прличев, Општина Охрид  започна со реализација на проектот „Да ги овековечиме вредностите“

Целта на проектот е сликање мурали на истакнати охридски дејци, кои оставиле трага во охридската и македонската  меморија.

-Согласно предвидениот буџет, проектот започна со цртање на  ликот на Григор С. Прличев – симболот на македонската гордост, истрајност и  непокор, поетот кој  со своите вонвременски дела Сердарот и Скендербег ја извиши Македонија во врвот на светската литературра,  покажувајќи и докажувајќи  дека за пишаниот збор нема граници-информираат од Општина Охрид.

Муралот е нацртан на западниот ѕид на НУ Библиотека Григор Прличев во непосредна близина на НУЦК Григор Прличев – двете институции кои го носат неговото име.

Муралот е дело на академскиот уметник Горан Ристоски.

Strugaonline

фото: Општина Охрид

error: