Екипа на Територијална противпожарна единица (ТППЕ) -Охрид попладнево спаси повреден турист паднат во амбис кај хотел „Десарет“.
– Пожарникарите-Спасители на висина на задачата. Уште една успешна спасувачка акција на нашите пожарникари-спасители. Интервентната екипа на ТППЕ Охрид изврши извлекување на повреден турист паднат во амбис, во близина на хотелот Десарет-информираат од ТППЕ-Охрид.
Додаваат дека повреденото лице е лоцирано и безбедно транспортирано на пловен објект за понатамошно лекување.
Strugaonline
фото: ТППЕ Охрид
Facebook Коментари