Утре во Охрид започнува претпрограмата на седмиот Beach Film Festival 

- Локални
252

Богата програма со филмски проекции и музички перформанси ќе понуди седмото издание на Beach Film Festival  што од 17-ти до 21-ти јули ќе се одржува на четири локации во Охрид-Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински културен центар.

Како што информираат организаторите, оваа година земјата во фокус е Шпанија со поддршка од шпанската амбасада на Р.С.М. и ќе се прикажат филмови за сите возрасти.

Претпрограмата започнува утре и ќе трае до 7-ми јули. Во овој период, на  плажата Сараиште ќе се прикажуваат филмови што смело ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските. Проекциите ќе бидат од отворен карактер, бесплатни за сите посетители.

-Beach Film Festival секоја година расте не само квантитативно со бројот на филмови кои се прикажуваат, но и квалитативно со изборот на европски филмови. Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот, велат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари