Tрка со патки и ,,Пиво фест“ во сабота во Струга

- Локални
501

Оваа сабота ќе биде денот за забава во Струга. Програмата на трката со патки ќе започне во 17:00 часот , водител ќе биде Батко Деко, а за музичкиот дел ќе се погрижи Томе Кукунеш. Трката ќе започне два часа подоцна, односто точно во 19:00 часот 1000 пластични патки ќе бидат пуштени  од Мостот на поезијата. Најбрзата патка ќе добие 1000 евра (односно сопственикот на билетот кој ќе го има бројот што ќе го носи најбрзата патка).

Трката со патки има и своја хуманитарна цел, дел од средствата ќе бидат донериани за деца со посебни потреби.

Организаторите информираат дека се останати уште малку билети, кои можат да се набават во Кочва мала, Винска куќа, Дуќан ,Пливалиште и на пунктот кај хотел ,,Дрим“.

На барање на стружани, истата вечер во 20:00 часот во Кочва мала ќе започне второто издание на ,,Пиво фест“, каде ќе ве забавуваат Група ,,Ника“ и Мето ди Флеш.

Двата настани се во организација на Кочва Мала и Винска куќа.

Strugaonline

Facebook Коментари